македонска женска фудбалска репрезентација го претрпе вториот пораз во квалификациите за Светско првенство. Избраничките на селекторот Александар Андов, попладнево убедливо се поразени од Унгарија во првиот од двата меѓусебни дуели.
Натпреварот од 3.коло, во третата квалитативна конкуренција, Лига „Ц“, одигран во Битола, заврши со триумф на Унгарките со 0-5.
Убедливиот пораз беше најавен уште во воведните 20 минути кога гостинките поведоа со 0-3. Папаи во третата минута го отвори резултатот. Следуваа два гола на Чани (9 и 20.минута) за веќе убедливо водство од 0-3 за Унгарките. Во финишот на првото дел, Савања зголеми на 0-4.
Вториот дел беше само чиста формалност, па голот во 88.минута и конечните 0-5, Унгарките го впишаа вториот триумф.
Унгарија се зацврсти на првото место на табелата во групата „3“, а сега има 7 бодови. Втор е Азербејџан со 3 колку што има и Македонија на третото место, а Андора е последна со 1 бод.
Потсетување дека нашите фудбалерки во првото коло беа поразени на гостувањето кај Азербејџан со 2-0, а потоа ја совладаа Андора со 3-0.
Вториот (реванш дуелот) меѓу Унгарија и Македонија ќе се игра на 18 април.





































