Воведните два натпревари од 27.коло во Првата лига им припаднаа на домашните екипи. Вардар и Силекс славеа минимално победи во дуелите со Работнички и Башкими.
Скопскотот дерби му припадна на Вардар кој со 1-0 ги победи Работнички. Стрелец на единствениот гол беше Србинот, Стефан Цветковиќ во 23-тата минута. Иако Вардарци имаа уште неколку големи шанси, резултатот остана не применет.
Вардар сега е сам на 1.место на табелата со три бода повеќе од Шкендија.
На натпреварот во Кратово, Силекс со истиот резултат (1-0) го победи Башкими.
Клучниот момент се случи во 67.минута кога Личина кој направи пенал. Тој за стартот над Алиќ доби и директен црвен картон. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Дарко Додев.
Standings provided by Sofascore



























