Празнично, денеска ќе се играта натпревари во машката кошаркарска Супер лигата. На програмата се дуелите од 1.коло во ТОП-6 фазата и еден од плеј-аут конкуренцијата.
ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром се на врвот со идентичен скор 19-3. Сепак тимот на ТФТ има бод предност што може да биде пресудно за првата позиција.
Пелистер со скор 14-8 е многу блиску до плеј-офот и му се потребни две до три победи за потврда на полуфиналето. За четвртото место ќе се борат Маџари и Кожув со скор 12-10 и Тиквеш со 11-11.
Маџари гостува во Битола, а Кожув кај шампионот МЗТ Скопје Аеродром. Тој натпревар ќе се игра од 14 часот во СЦ „Јане Сандански“. Денешната програма ќе ја отворат ТФТ и Тиквеш од 13 часот во салата „Лазар Лечиќ“.
Во истата сала, но во плеј-аут конкуренцијата, ќе се одигра само еден натпревар, Работнички – Феникс, закажан од18 часот.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇
„ТОП 6“ ПЛЕЈ-ОФ | 1.КОЛО (11.АПРИЛ)
11.април (сабота)
13.00 ТФТ – ТИКВЕШ
14.00 МЗТ СКОПЈЕ A. – КОЖУВ
18.00 ПЕЛИСТЕР – МАЏАРИ
ПЛЕЈ-АУТ | 1.КОЛО
11.април (сабота)
18.00 РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС
























