Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА 125 турнирот во Мадрид (награден фонд 100.000 евра).
Лина, денеска, во четвртфиналето загуби од Лиса Пигато од Италија со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2) за 84 минути игра. Ѓорческа за пласманот во четвртфиналето ќе добие 3.000 евра и 27 поени со кои ќе напредува на ВТА ранг-листата.
Македонската тенисерка мечот го започна одлично и поведе со 4:0 во гемови. Но, потоа дојде до пресврт во мечот и Пигато ја презеде контролата над играта и резултатот, а сетот го доби со 6:4 во гемови. Во вториот сет, Италијанката поведе со 4:1 во гемови. Со вториот брејк во сетот го доби со 6:2 во гемови.
Ѓорческа следната недела ја очекува настап на ИТФ турнир во Порторож.





































