Англискиот Арсенал е третиот тим што обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Голот против Спортинг на првиот меч од четвртфиналето одигран во Лисабон, минатиот вторник, се покажа како решавачки. Вечерашниот реванш дуел во Лондон заврши без голови 0-0, па Арсенал се вбројува меѓу четирите најдобри екипи.

43-минута голема среќа имаа домаќините кога по обидот на Катамо, топката заврши во стативата од голот на Арсенал.

Во второто полувреме, Арсенал беше тој што ја контролираше играта. Се обидуваат „топчиите“ да стигнат до погодок и мирен крај. Најголемата шанса за тоа ја пропушти Тросард чиј удар со глава, заврши во левата статива на голот на Спортинг. 

Арсенал за место во големото финале ќе се бори со шпанскиот Атлетико Мадрид. Првите полуфинални натпревари, ќе се играат во Мадрид и Париз, на 28 и 29 април, а реваншите на 5 и 6 мај.