Mакедонскиот кошаркарски вицепрвак TFT направи нов клупски историски резултат. Екипата од скопската населба Тафталиџе се пласира во финалето на регионалната АБА2 лига.

Iзбраниците на Боро Смилковски место во големото финале обезбедија со двете победи над црногорската Сутјеска. Откако пред седум дена славеа на гости во Никшиќ со 5, денеска пред својата публика во Скопје, ТФТ победи со 13 поени разлика (90-77).

Уште од самиот почеток на натпреварот се виде дека ТФТ е супер мотивиран. Го најавија уште во првата четвртина која ја добија со 15 поени разлика. Во вториот квартал ни ,,црните” од Тафталиџе имаа и највисоки 24 поени позитивен, а на одмор заминаа со плус 16. Се што успеа да направи гостинскиот состав е да дојде на едноцифрена негатива, но не и да ја загрози предноста на ТФТ. На крајот сосема заслужено тавата се радуваше на триумф со конечни 90-77.

Македонскиот репрезентативец Виктор Ташовски заедно со Американецот, Стенли Дејвис беа предводници во овој голем успех. Дејвис натпреварот го заврши со 23 поени и 9 скокови, а Ташовски постигна 19 поени, на кои додаде и 8 скокови. Голем придонес имаше и Гордон кој постигна 17 поени, 8 скокови и 4 асистенции.

Сега македонскиот вицепрвак го делат само уште две победи од уште поголем успех. Доколку успее да го совлада составот на Широки бријег во два натпревари, тогаш ТФТ ќе се пласирал во елитната конкуренција на АБА лигата.

Финалната серија што си игра во два добиени натпревари, според календарот треба да стартува на 29 април. Реванш натпреварот би се играл на 6 мај, а евентуалната мајсторка на 13 мај.