Најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија, кон крајот на годината (од 3 до 20 декември) ќе настапува на Европскиот шампионат.
Годинашното првенство ќе биде историско, затоа што ќе се одржува во пет земји. Натпреварите од групната фаза ќе се играат во: Чешка, Словачка, Романија, Турција и Полска која ќе биде домаќин и на завршницата.
Попладнево македонските ракометарки ќе дознаат каде и против кои селекции ќе играат.
Според пласманот во квалификациите 24-те репрезентации се поделени во шест „шешири“ со по шест селекции. Тие ќе бидат распределени во шест групи со по четири репрезентации.
Македонија ждрепката ќе ја чека од четвртиот сад, во кој се и: Хрватска, Србија, Исланд, Украина и Грција. Јасно дека ниту една од овие селекции нема да биде противник на нашите ракометарки во првата рунда.
Прв шешир: Норвешка, Данска, Унгарија, Франција, Шведска, Холандија
Втор шешир: Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Шпанија, Чешка
Трет шешир: Турција, Словачка, Словенија, Швајцарија, Австрија, Фарски Острови
Четврт шешир: Хрватска, Србија, Исланд, Македонија, Украина, Грција
Ждрепката ќе се одржи во Катовице, Полска, а започнува во 18 часот и може да ја ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇


































