Во рамки на 20. коло од женската Прва и Супер лига нè очекува возбудлив ракометен ден исполнет со интересни и неизвесни натпревари. Сите средби од двете конкуренции се закажани за денес, што дополнително ја зголемува тензијата и вниманието кај љубителите на ракометот.

Програмата започнува од Првата лига, каде првиот натпревар ќе се одигра со почеток во 12:00 часот. Во салата „Андон Димитров“ каде Шампион ќе го пречека тимот на Ѓорче Петров МРК. Веќе во 13:00 часот, во СЦ „Јане Сандански“, екипата на Атлетика ќе ги одмери силите со тимот на Јехона. Овој натпревар се очекува да понуди динамична игра и многу голови. Последниот натпревар од Првата лига ќе се одигра во Прилеп со почеток од 15:00 часот. Таму екипата на Деспина ќе биде домаќин на Стружанка. Во ова коло слободна е екипата на Овче Поле.

Во Супер лигата, возбудувањата продолжуваат во попладневните часови.

Во 17 часот, Вардар ќе гостува кај шампионот Ѓорче Петров во салата „Христо Батанџиев“, во натпревар кој привлекува особено внимание. Еден час подоцна (18), во салата „7 Март“ ќе се одигра интересен натпревар помеѓу домашната екипа Чаир и тимот на Куманово, каде се очекува неизвесна борба за бодови. Колото ќе биде заокружено со натпреварот во Битола, каде Пелистер ќе го пречека Спартак со почеток од 19:30 часот.

Ивона Кимовска

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇

Следете нé на социјалните мрежи