Македонскиот ракометен првак еурофарм пелистер вечерва ќе го игра последниот натпревар пред својата публика сезонава во Лигата на шампионите.
Откако во претходната рунда, пелистерци не успеаја да го совладаа тимот на ГОГ Гудме, ги загубија шансите за пласман во разигрувањето.
Сега на зелено-белите им останува чесно и до крај борбено да ги одиграат последните два натпревари во групната фаза. Првиот од нив е против францускиот гигант ПСЖ кој сезонава и игра далеку од посакуваното. Парижаните со пет победи и седум порази се петти на табелата во Б групата и без шанси директно да се пласираат во четвртфиналето.
Ова ќе биде шестти меѓусебен дуел на Еурофарм Пелистер и ПСЖ, а францискиот тим досега ги доби петте одиграни. Сигурно дека мотив во редовите на македонскиот првак нема да недостасува. Напротив тие ќе се обидат да ја израдуваат својата публика и да стигнат до третата победа сезонава.
Вечерашниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ што ќе си игра во салата ,,Боро Чурлевски” ќе почне од 20 часот и 45 минути.


































