Македонскиот ракометен вице-првак Вардар утре игра важен натпревар во ЕХФ Европската лига. 

Вардарци го пречекуваат португалскиот тим на Бенфика во меч од 3.коло на втората фаза. Ова е натпревар од третата група, во која двата тима имаат по два бода помалку од лидерот Мелсунген. Португалскиот состав во првиот натпревар славеше лесна победа со пет разлика, меч во кој вардарци примија дури 40 голови.

Јасно му е на тренерот Иван Чупиќ, дека доколку се сака успеха (победа) на утрешниот дуел одбраната ќе мора многу да се коригира и одигра беспрекорно.  Неизвесен за настап е Јака Малус кој вчера и денеска е надвор од тренажен процес поради повреда.

„Со или без Јака утре мора да дадеме максимум за да ја добиеме Бенфика.

Се надевам дека ќе оставивме добра слика и ќе запишеме победа, за да ја исполниме целта, да ја минеме главната фаза. Ние мора да бидеме „300% на час“, па кој ќе ни дојде, нека дојде

 Ако ја поминеме оваа група, пак играме две финалиња без разлика дали во осминафинале или четвртфинале. Немаме луксуз да бираме, во оваа Европска лига особено главната фаза, не можеш да гледаш со потценување кон ниту еден тим“, изјави тренерот Чупиќ. 

Натпреварот меѓу Вардар и Бенфика што ќе се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ ќе почне во терминот од 20.45 часот.

Следете нé на социјалните мрежи