Со нов селектор, машката сениорска репрезентација на Македонија ги продолжува претквалификациите за Европското првенство кое во 2029 година.

Вечерва, македонските кошаркари ќе го одигра третиот натпревар од групата „А“ во кој за противник ја има селекцијата на Луксембург.

Традицијата е на наша страна. Македонија има успешен биланс во меѓусебните дуели против Луксембург. Нашите најдобри кошаркари, досега, одиграле четири натпревари против Луксембург, и сите четири ги решиле во своја корист.

Противникот е далеку од сериозна кошаркарска „сила“ па нашата репрезентација важи за фаворит. Тоа црвено-жолтите ќе треба да го потврди во натпреварот што ќе се игра во салата „Градски Парк“ што ќе биде прв по нејзиното реновирање.

„„Наше е да дадеме се од себе, да го потрошиме и оној последен атом од нас.

Да имаме добра енергија и тоа како потребна за ваков вид на натпревари. И со една добра игра во одбраната да стигнеме до победата“, вели капитенот Војдан Стојановски, 

Натпреварот Македонија – Луксембург ќе почне од 18 часот, а ќе може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ .👇👇👇

Следете нé на социјалните мрежи