Новиот селектор на машката репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, го објави списокот на кошаркари за претстојните натпревари во претквалификациите за Евробаскет 2029.

За дуелите со Луксембург и Азербејџан, шпанскиот стратег ќе смета на 16.кошаркари. На списокот ако и во претходниот квалификациски „прозорец“ го нема нашиот најдобар играч Ненад Димитриевиќ

Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, зад затворени врати за јавноста. Официјален собир-тренинг е закажан за 23 февруари (понеделник), со почеток во 10 часот, во салата „Градски парк“.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – МКК Куманово
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Теодор Симиќ – Кожув
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Амар Хот – Маџари 2023
Адем Мекиќ – Бора, Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина, Косово
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Андреј Јакимовски – Тренто, Италија
Итан Хап – Сан Пабло Бургос, Шпанија

Првиот натпревар Македонија ќе го игра на домашен терен во Скопје на 27 февруари кога ќе го пречека Луксембург. На 2 март, македонските кошаркари во Баку ќе му гостуваат на Азербејџан.

Следете нé на социјалните мрежи