Машката кошаркарска репрезентација на Македонија ја впиша третата победа во претквалификациите за Европското првенство 2029.

Во натпревар од 3.коло на А групата, одигран вечерва во салата ,,Градски Парк”” во Скопје, Македонија го совлада Луксембург со 79-70.

Оваа победа беше и очекувана, имајќи го во предвид квалитетот на противникот, бројните грешки и промашени зицери на гостите од Луксембург.

Новиот селекторот Берокал и неговиот асистент Кочав, очигледно наметнаа нов принцип во играта на Македонија. Агресивно од самиот старт во одбраната, брзо во нападот, со многу измени во тимот, е само дел од она што го видовме на овој натпревар.

од самиот старт жолто црвените ја наметнаа таквата игра. Се исклучок во два наврати, гостите од Луксембург успеваат само да го израмнат резултатот. Со тројката на Ѓуровски на 5.секунди пред крајот, нашата селекција го доби првиот квартал со највисоки осум поени разлика 25-17.

Првата од сите ненапредност нашата селекција имаше веќе на стартот на вториот период 27-17. Имавме и најголеми +14 во вториот дел, а на пауза заминавме со 12 предност 44-32.

На средината на третиот четвртина Македонија имаше и најголеми 20 поени предност 54-34, но тука подзастана. Нашите репрезентативци му дозволија на противникот да дојде и до едноцифрена негатива од само девет поени 56-47. Во последниот квартал жолто-црвените влегоа со десет поени предности 59-49. Ја одржуваа двоцифрената предност се до последната секунда, кога Ковач со тројка (вкупно 20 поени) намали на девет поени разлика.

Најефикасен во нашата селекција беше Андреј Јакимовски кој средбата ја заврши со 17 поени. Итан Хап заврши со дабл-дабл со 15 поени и 14 скокови, а двоцифрен беше о Виктор Ефремовски кој додаде 13 поени.

Македонија е лидер на табелата со максимални шест бодови, пред Луксембург кој има еден помалку. Следуваат Ирска и Азербејџан кои имаат по два бода, а вечерва го играат меѓусебниот дуел.

Следен противник на Македонија е репрезентацијата на Азербејџан, против која ќе играме на гостински терен веќе во понеделник.

Следете нé на социјалните мрежи