Ракометарите на македонскиот шампион вечерва претрпеа нов пораз во групата од Лигата на шампионите.

Тие во дуелот од 11.коло загубија од полскиот тим Висла Плоцк со 28:25 и со тоа ги намалија шансите за пласман во следната фаза. .

Почетокот на натпреварот мина во знак на гостите, кои поведоа со 3:0, а потоа имаа и водство од 9:4. Битолчани се „разбудија“ и намалија на еден негатива 8:9, но на серијата од 4:0 со иста мерка возврати и Висла и стигна до предност од 13:8. На полувреме беше 9:13.

Во вториот дел повторно почетокот со предност на гостите кои стигнаа и до највисоките +6 (20:14). Но, тоа како да беше мотив за Еурофарм Пелистер и со серија од 5-0 намалија на 19:20 што беше знак и за поддршка од трибините. Но, како да се потрошија и во финишот Висла стигна до нова победа со која се зацврсти на третото место на табелата, додека Е.Пелистер е седми.

Најефикасен на дуелот беше Митја Јанц од Висла со 7 голови, додека кај Е.Пелистер Домен Тајник, Петар Атанасијевиќ и Жарко Пешевски постигнаа по 4.

До крајот на натпреварите од групата битолчани ќе одиграат уште три натпревари, а потребни се три победи за пласман во следната фаза. Еурофарм Пелистер во следното коло гостува кај екипата на ГОГ Гудме.

Следете нé на социјалните мрежи