Македонскиот ракометен вице-првак Вардар покрај трката за трофеите на домашната сцена, ќе води и „битка„ на европската. Вардарци ги чекаат натпреварите од втората фаза од Европската лига.

Цевено-црните ќе одиграат четири нови натпревари против германскиот Мелсунген и португалската Бенфика.

Од таборот на вардарци денеска објавија дека во продажба се пуштени карате за домашните натпревари што ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“.

Блок билетите се достапни по цени од 300, 400, 500, 600 и 700 денари. Продажбата започна денеска и ќе трае до полноќ на 16 февруари 2026. По тој период ќе се продаваат само поединечни билети по повисоки цени. Со блок билетите навивачите го резервираат своето седиште за двете средби.

Билетите се достапни преку онлајн платформата www.ticketx.com.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот.

Натпреварот Вардар – Мелсунген ќе се игра на 24 февруари во 20:45 часот. Дуелот Вардар – Бенфика е закажан за 3 март во 20:45 часот.

Следете нé на социјалните мрежи