Екипата на Глазгов Ренџерс славеше убедлива победа со 5-1 против Килмарнок во 25 коло на шкотската премиер лига.
Во листата на стрелци се запиша и македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Тој беше стрелец на вториот гол за водство од 2-0, За Миовски тоа беше негов четврти погодок сезонава во Премиер лигата, а вкупно деветти во дресот на Ренџес.
Со оваа победа екипата на Ренџерс се поби на 2.место на табелата со три бода помалку под водечкиот Хартс, а три повеќе од Селтик кој е трет.





































