Манчестер Сити со триумф против Њукасл закажа финале во Карабао купот против Арсенал. Резултатот на натпреварот беше 3:1, а вкупниот резултат од двата натпревари 5:1.

Уште на самиот стар во 7.та минута Манчестер Сити поведе со 1:0 со голот на Омар Мармуш. Истиот стрелец беше и во 29.та минута кога „граѓаните” зголемија на 2:0. Тижани Реиндерс во 32.та минута донесе водство од 3:0 и уште во првиот дел со тоа закажа финале против екипата на Арсенал. Почесниот гол за Њукасл го постигна Антони Еланга во 62.та минута од натпреварот.

Финалето е закажано на 22 март на „Вембли“ во Лондон. Манчестер Сити ќе го предизвика Арсенал, а тоа ќе биде уште еден интересен тактички дуели и на тренерите Пеп Гвардиола и Микел Артета.