Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар и Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш.
Ова денеска го потврдија од таборот на вардарци. Со тоа, ракометарот е слободен во изборот на нова средина.
Борозан во периодот поминат во Вардар беше дел од тимот во важни натпреварувања на домашната и на европската сцена. Со својот професионален однос даде значаен придонес во работата на екипата.
Клубот му се заблагодарува на Борозан за сè што направи во дресот на Вардар и му посака многу среќа и успех во понатамошната кариера.
Инаку ова не е прв пат Борозан предвреме да ја прекине соработката со Вардар.
































