Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури (37), најави враќање во рингот една година по пензионирањето.

Шпекулациите за неговото враќање започнаа во последните недели откако Фјури сподели видео од себе како тренира во Тајланд со јужноафриканскиот боксер Кевин Лерен .

„Бев отсутен некое време, но сега се вратив, имам 37 години и сè уште удрам. Нема ништо подобро од тоа да удираш луѓе во лице и да бидеш платен за тоа “, објави 37-годишниот Британец на социјалните мрежи.

Фјури неколку пати во текот на својата кариера се збогуваше со боксот. Првпат ги изненади сите во 2015 година откако го победи Владимир Кличко , но потоа се врати на рингот по две и пол години. Исто така, накратко го објави своето заминување во 2022 година, но се врати истата година. Тој истраја до 2024 година, кога беше поразен од светскиот шампион Украинецот Олександр Усик, кој му одзеде три шампионски појаси.

Фјури беше двапати шампион во тешка категорија, а неговиот професионален рекорд е 34 победи, два порази, обете против Усик и едно реми со Деонтеј Вајлдер .

Се шпекулираше дека Фјури би можел да се бори против Ентони Џошуа. Борбата меѓу двајцата британски тешкаши се подготвуваше долго време, но неодамнешната тешка сообраќајна несреќа на Џошуа во Нигерија го доведе целиот проект во опасност.

Следете нé на социјалните мрежи