Голем број на светски, пред се спортски ѕвезди беа присутни на синоќешниот боксерски спектакл во Ријад, Саудиска Арабија. 

Меѓу нив, фудбалерот Кристијано Роналдо, како и ММА борецот Конор Мек Грегор. 

Ирецот кој е познат по својот темперамент уште еднаш потврди дека не знае нити кога е доста со неговото однесување и пред се зборување. 

Едноставно Мек Грегор го „полуде“ Роналдо кому му беше верна сенка на целиот спектакл во кој љубителите на боксот видоа дузина на нокаути и одлични борби. 

Сепак, впечатокот останува дека Мек Грегор го „украде“ шоуто на боксерите и првата ѕвезда во Ријад, Роналдо.