Пет натпревари ноќеска се одиграа во НБА лигата, во кој сако тимот на ЛА Клиперс успеа да ја израдува домашната публика.

ЛА Клиперс ја продолжија својата победничка серија со триумф над Јута Џез 118-101. Кавај Ленард постигна 45 поени, а Џејмс Харден додаде 20 за домашната екипа. Клиперс успеаја да се вратат и покрај загубената предност од 21 поен. Јута настапи без тројца стартери (Кејонте Џорџ, Лаури Марканен и Јусуф Нуркиќ) и загуби шести натпревар од последните осум.

На гостински терен се радуваа кошаркарите на Мајами кои славеа кај лидерот во Источната конференција Детроит.

Мајами Хит славеше на гостински терен против Детроит Пистонс со 118-112 и ја продолжи својата серија на четири победи. Норман Пауел беше најдобар со 36 поени, а Бам Абдебајо додаде 15 поени и 14 скока. Кај Детроит блесна Кејд Канингем со 31 поен, 11 асистенции и осум скока, а Маркус Сасер постигна 18.

За Детроит ова беше само деветти пораз сезонава, но останува на првата позиција на табелата во Источната конференција .

И на другите три натпревари победи забележаа гостинските тимови.

Филаделфија беше убедлива во Далас и ги совлада Маверикс со 123-108, а Бостон беше подобар од Сакраменто со 106-120. Хјустон славеше кај Бруклин со 120-96 и ја заокружи ноќта на гостинските екипи.