Женската ракометна репрезентација на Македонија ја чека стартот на новиот квалификациски циклус за Европското првенство.

Македонските ракометарки во првите два меч ќе играат со Германија на гости и Словенија на домашен терен во Битола.

Ракометната федерација на Македонија, денеска ги пушти во продажба картите за дуелот со Словенија.

Симболични 100 денари чинат влезниците за во салата ,,Боро Чурлевски” каде ќе се игра натпреварот на 19 октомври од 18 часот.

Картите може да се купат на веб страната на на МКТикетс и нивните продажни места.