Од денеска па се до недела, во машката кошаркарска Супер лигата ќе се играат натпреварите од второто коло.

Програмата ќе биде отворена со дуелот во Битола каде Пелистер ќе го пречека скопски Чаир.

Овој дуел првенственот се игра порано од останатите поради обврските на пелистерци во ФИБА Европа купот, седната седмица. Инаку, битолчани сезоната ја почнаа со убедливата победа над Работнички, додека чаирчани беа поразени од Куманово на домашен терен.

За утре закажани се три натпревари, а програмата ќе ја отвораат ТФТ и Работнички со натпреварот во СЦ ,,Кале” од 15 часот. Оваа рунда ќе ја затворат шампионот МЗТ Скопје и Феникс со натпреварот во недела.

СУПЕР ЛИГА (мажи) – 2.КОЛО

Петок

19.00 ПЕЛИСТЕР – ЧАИР

Сабота

13.00 ТФТ – РАБОТНИЧКИ

17.00 ТИКВЕШ – КОЖУВ

17.00 КУМАНОВО – МАЏАРИ

17.00 АНГЕЛИ – ГОСТИВАР

Недела

19.00 МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС

Следете нé на социјалните мрежи