Уште една интересна вечер понуди фудбалската Лига на шампиони. Маркус Рашфорд беше двоен стрелец за Барселона против Њукасл во триумфот од 2:1. Од друга страна пак Манчестер Сити победи 2:0 против „десеткуваниот” Наполи.

Барселона потешко од очекувањата дојде до триумф против Њукасл. Иако и двете екипи си имаа шанси тешко беше да се скрши отпорот на натпреварот. Но, Маркус Рашфорд во 58.та минута стрелаше со глава за 1:0, а потоа со „ракета” во 67.та го постави резултатот 2 0. Конечните 2:1 ги постави Антони Гордон во 90.та минута.

Манчестер Сити со скромни 2:0 триумфираше над Наполи кој од 21.та минута беше со играч помалку поради црвениот картон на капитенот Ди Лоренцо. Головите беа дело на Халанд во 56.та и Доку во 65.та минута од натпреварот. Натпреварот требаше да биде враќање дома на легендата на Сити, Кевин де Брујне, но токму тој беше заменет во 26.та минута од натпреварот.

Во останатите два натпревари Спортинг триумфираше со 4:1 над Каират, а Ајнтрахт со 5:1 триумфираше над Галатасарај.

На натпреварот меѓу Спортинг и Каират стрелци беа Тринкао во 44.та и 65.та минута, Алисон Сантос во 67.та и Куенда во 68.та за Спортинг, а почесниот гол за Каират го постигна Едмилсон Самсон во 86.та минута.

Ајнтрахт пак со 5:1 триумфираше над Галатасарај. Головите за тимот од Франкфурт ги постигнаа Дависон Санчез со автогол во 29.та минута, Јилмаз Узун во 47.та минута од првиот дел, Буркард во 50.та минута од првиот дел и 66.та минута од вториот дел и Кнауф во 75.та минута. Почесниот гол за Галатасарај го постигна Акгун во 8.та минута.

Следете нé на социјалните мрежи