Машката јуниорска репрезентација на Македонија денеска го игра можеби клучниот натпревар на Европското првенство за кошаркари до 18 години што се одржува во Белград.
Во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место, македонските јуниори за противници ќе ги имаат Израелците.
Досегашните натпревари, а ги загубивме сите со огромна разлика, треба и мораат да бидат заборавени. Дуелот со Израел е првиот од двата за кои македонските кошаркари се подготвуваа.
Целта на оваа генерација беше и останува, опстанок во „А“ дивизија. За да ја остварат тие конечно ќе мора да победат.
Победа над Израелците ќе значи токму тоа, обезбедување на пласман од 9 до 12 место и пред се опстанок елитата.
Денешниот натпревар, Македонија и Израел ќе го играат во терминот од 13.30 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.




































