Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија, втор ден е во Куманово каде се подготвува за мундијалските квалификации.

Избраниците на селекторот Марјан Илиевски веќе имаа можност да се „запознаат“ со условите во реновираната кумановска. Таму ќе се играат натпреварите со Романија и Унгарија.

Еден од оние кои ќе водат „битка“ под обрачите е Амар Хот, кој верува дека оваа подмладена селекција има што да покаже. 

„Одлична е атмосферата во тимот. Ние помладите, заедно со неколкумина искусни (Магдевски, Мекиќ и Вајли) и стручниот штаб одлично се согласуваме.

Времето за подготовки е кратко, но се надевам дека ќе направиме тоа што ни е посакуваната цел и ќе ја исполниме. 

Овие подгответе бевме фокусирани на нашата игра, како да ја подобриме секој ден напредувавме. Сега ќе почнеме со анализа на противниците, па чекор по чекор“, изјави Хот

Првиот натпревар од првиот квалификациски круг, Македонија ќе го игра во сабота на 2 август, а противник ќе биде Романија во терминот од 20 часот.

Следете нé на социјалните мрежи