По стартниот пораз во „Б“ дивизијата на Евробаскетот во Eрменија, македонската машка репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години, денеска ќе го игра вториот натпревар.
Избраниците на селекторот Горан Самарџиев за противник ќе ја кимаат селекцијата на Австрија.
Ова е натпревар од групата Ц, во која Австријците во првото коло славеа победа над Грузија. За разлика од нашата селекција тие одиграа континуирано во текот на целиот меч што го добија со девет поени разлика.
Црвено-жолтите пак со едно добро полувреме (првото) против Холандија и не можеа да се надеваат на успех. Вчерашниот слободен ден веројатно беше добро искористен да се увидат прво сопствените грешки и да се „скаутира“ денешниот противник.
Колку тоа е сработено и апсолвирано од младите македонски кошаркари, ќе видиме во дуелот што ќе почне од 19 часот.
Натпреварот Македонија – Австрија може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
 
             
		
