Женската јуниорска репрезентација на Македонија конечно се израдува на победа на Европскиот шампионат за кошаркарки до 18 години.

По четирите убедливи порази во групната фаза, македонските јуниорки славеа во првиот меч од разигрувањето за пласман од 17 до 20 место.

Тие денеска беа подобри од врсничките од Австрија со 78-70. По израмнетите три четвртини, победникот беше решен во последниот период кој напите јуниорки го добија со 21-11.

Дури четири македонски кошаркарки овој натпревар го завршија со двоцифрен број на поени, нешто што на претходните недостасуваше.

Ања Начевска со 23 беше нај ефикасна, а Теа Трајкосвка постигна 15. Со еден помалку (14) завршија Јана Пишевска и Ива Колева.

За нашите репрезентативки останува уште натпреварот за 17-тото место во конечниот поредок. Тој меч ќе се игра во сабота недела (13 јули) од 10.30 часот, а противникот допрва треба да го дознаеме.