Јуниорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Литванија. Во Б дивизијата на шампионатот за кошаркарки до 18 години, македонските јуниорки денеска се совладани од Германија.

Оттука вчера загубија од Романија со 42 разлика, денеска избраничките на селекторот Петровски се поразени од Германките со 48 разлика (37-85). Противникот уште од самиот почеток даде до знаење, дека овој натпревар ќе се одвива во еден преавец.

Првиот период Германките го добија со девет разлика, а на полувремето веќе имаа +25. Второто полувреме беше само чиста формалност , па тие ја впишаа втората победа, а нашите јуниорки вториот пораз.

Единствена која можеше да им парира на противничките беше Ања Начевска која постигна повеќе од половината поени за Македонија, а заврши со 21.

Утре нашите млади кошаркарки ќе го играат третиот натпревар и тоа од 19.30 часот против Шведска. Потоа следуваат два слободни дена, за на 9 јули да го играат натпреварот против Ирска.

Следете нé на социјалните мрежи