Македонската младинска машка селекција на Македонија претпладнево ќе го игра четвртиот натпревар на Светското првенство за ракометари до 21 година.
По трите порази во првата фаза од шампионатот, македонските младинци сега ќе разигруваат за пласман од 17 до 32 место.
Шансата оваа генерација да направи нов добар резултат беше пропуштена уште по првите два меча. Сега на избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ им останува да се борат за што подобар пласман.
Шансата за прва радост и победа на Мундијалот, македонските ракометари ќе ја имаат претпладнево во дуелот со Мароко. Африканската селекција никако не смее да биде потценета, напротив. Мароко има традиција на одличен ракомет, па црвено-жолтите доколку сакаат да се радуваат ќе мора да одиграат максимално.
Дуелот Македонија – Мароко ќе почне во 11.45 часот и ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.
Во новоформираната група, е и селекцијата на Мексико против која македонските ракометари ќе играат утре во 14 часот.