Во 17. коло од плеј-офот кај дамите, Кумановки беа домаќини на екипата на Чаир. Ракометарите на Чаир запишаа нова важна победа, откако на гостински терен го совладаа Куманово со 35:30.
Гостинките подобро го отворија натпреварот и веќе во шестата минута поведоа со 6:2. Кумановки се обидоа да се вратат во игра и ја намалија разликата на 11:8, но Чаир успешно ја контролираше играта и не дозволи израмнување. Се до 28-та минута кога Куманово успеа да израмни на 15:15. На полувреме, екипата од Чаир замина со предност од 17:15.
Во 38-та минута од второто полувреме, Чаир повторно ја презеде контролата и поведе со пет гола разлика (23:18). Гостинската екипа продолжи со сигурна игра, постојано зголемувајќи ја предноста. Со серија од 5-1, Чаир стигна до убедливо водство од 31:23. Иако Куманово во неколку наврати се обидуваше да ја намали негативата, не успеа да се врати во натпреварот. До самиот крај немаше значителни промени, па Чаир заслужено триумфираше со 35:30.
Најефикасни од победничката екипа беа Дуковска со 12 и Ѓеоргиевска со 8 погодоци.
Пред овој натпревар, беше одигран дуелот помеѓу Ѓорче Петров и Астибо, во кој Ѓорче Петров убедливо триумфираше со резултат 43:19.
Ивона Кимовска