Францускиот првак Париз Сен Жермен е вториот фуналист во фудбалската Лига на шампиони.
ПСЖ во во реванш полуфиналниот дуел го совладаа Арсенал. Овојпат „светците“ пред своите симпатизери на „паркот на Принцовите“ славеа со 2-1.
На стартот на натпреварот, гостите од Лондон тргнаа силно кон голот на Донарума. Имаше Арсенал 2-3 идеални шанси да постигне гол, но не успеа. Затоа на спротивната страна следуваше казна. Во 27.минута со ефектниот гол на Шпанецот, Фабијан Руиз, ПСЖ поведе со 1-0.

Во вториот дел Арсенал фрли се на „една карта“. Со сите сили „топчиите“ се обидуваа да стигнат до израмнување, но секогаш последна пречка беше голманот Донарума.
Во 67.минута, по прегледувањето на ВАР снимката беше досуден пенал за домашниот тим. Одговорноста ја презема Витиња кој не успеа да го совлада Раша. Шпанскиот голман го одбрани неговиот удар и го остави Арсенал во игра, барем за кратко.
Само три минути подоцна (72) египетскиот репрезентативец Хакими на ефектен начин зголеми на 2-0.


Надежта на Арсенал се врати во 76-тата минута кога Бакајоко Сака конечно успеа да го совлада Донарума и да намали на 2-1.
Но, тоа беше се што успеаја да направат гостите од Англија, па ПСЖ на крајот заслужено се радуваше со вкупни 3-1.
Така парижаните по втор пак во клупската историја обезбедија финале. Во првото пред пет години (2020), ПСЖ загуби од Баерн Минхен со 1:0.
Тие на патот до финалето елиминираа три англиски тима, Ливерпул, Астон Вила и Арсенал.
А, во финалето закажано за 31 мај во Минхен, ПСЖ за противник ќе го има Интер кој во спектакуларните полуфинални дуели со Барселона беше подобар со вкупни 7-7.