Екипата на Интер е првиот финалист во фудбалската Лига на шампиони. Во реванш полуфиналниот дуел одигран во Милано, Интер ја победи Барселона со 4-3 и со вкупни 7-6 по двата меча обезбеди дуел за трофејот.

Полуфинале за аналите и историјата на ова натпреварување одиграа Барса и Интер. По нерешените 3-3 на првиот меч, по 90-минути и на реваншот беше 3-3, па се играа продолженија. Во нив Фратези го постигна победничкиот гол за Интер, а Сомер спасуваше во повеќе наврати.

Налик на првиот натпревар во Барселона, така и на овој на „Џузепе Меаца“, Интер беше оној што го отвори резултатот.

По почетната иницијатива во воведните 15 минути на гостите од Барселона, тимот на Интер заигра по офанзивно. Притискаа „неро-азурите“ кон голот на Шчешни, а тоа втори со плод.
По брзата контра во 22-та минута, Аргентинецот, Лаутаро Мартинез биеше прецизно во мрежата на Барса за водство на Интер од 1-0.

Само три минути подоцна гостите се заканија преку Педри. По неговиот удар топката во рака закачи Елерби. Сепак по сугестија на судиите од ВАР собата не беше досуден пенал за Барса.

Затоа пак на спротивната страна во 43-тата минута досуден пенал за Интер. По стартот на Кубарси над Лаутаро Мартинзе и проверката на ВАР снимката беше покажано на белата точка. Одговорноста ја презема Кахан Чанханоглу кој погоди за 2-0.

„Лудо второ полувреме“ со четири гола

И како што се очекуваше во вториот дел прво Барса тргна на „се или ништо“.

Интер се бранеше со сите сили, но „бункерот“ на домаќините беше пробиен во 54-минута кога Ерик Гарсија кој намели на 2-1. Истиот фудбалер само минута подоцна имаше идеална шанса за втор гол, но Сомер со „магична“ одбрана успеа да спаси.

Сепак израмнувањето стигне во 60-тата минута кога Дани Олмо го совлада Сомер за 2-2.

Тоа дополнително го зголеми притисокот на Барселона. Речиси постојано се играше на половината на Интер, кој спорадично само неколку метри ќе минеш подалеку од центарот.

Се обидуваа, Јамал, Олмо, Феран Торез, но честопати, Јан Зомер беше на висина на задачата.
Но така така беше се до 88.минута кога Сомер ме можеше да спаси по ударот на Рафиња кој донесе пресвети и водство на Барселона со 2-3.

„Лудницата“ во Милано не застана тука. Сега италијанскиот шампион беше оној кој имаше негатива и се фрли на една карта. Тоа им донесе радост на „неро-азурите“ во четвртата минута од судиското дополнение (90+4) која Ачерби погоди за израмнување на 3-3.

Последната шанса победникот да биде решен во регуларниот дел ја имаше Јамал, но биеше директно во Сомер.

Фратези и Сомер се јунаците на Интер

А, во продолженијата.

И двата тима не ни помислуваа да се откажат од нов погодок. Тоа на задоволство на домашната публика им успеа на нивните навивачи. Во 109-тата минута Фратези по четврти пат на овој меч го совлада Шчешни за 4-3 за Интер.

Барса преку Јамал имаше три идеални шанси за израмнување, но на голот Интер го имаше фантастичниот Сомер.

Интер ќе го игра седмото финале

За Интер кој е трикратен европски првак, претстојното ќе биде вкупно седмо финале. Двапати во 60-тите (1964, 1965), тимот од Милано ја освојуваше титулата, а третпат се радуваше во сезона 2009/10 под водство на Жозе Мурињо. Дел од тој тим на „неро-азурите“ беше и Горан Пандев.
Последниот настап во финале им беше пред две години (2023), кога беа минимално поразени од Манчестер Сити со 1:0.


Кој ќе биде противник на Интер во финалето во Минхен закажано за 31 мај, ќе дознаеме утревечер. Тоа по реванш дуелот во Париз меѓу ПСЖ и Арсенал во кој домашниот тим ќе стартува со 1:0 по првиот меч во Лондон.