Најдобрата женска фудбалска репрезентација на Македонија, не успеа да го освои првиот бод во Лигата на Нациите.
Македонските фудбалерки, пладнево во Скопје, не заслужено загубија со 1-2 од Летонија. Ова беше третиот натпревар од 6.гупа во ,,Ц” конкуренцијата на Лигата на Нации.
Гостинките уште во втората минута преку Миксоне поведоа со 1-0.
Тоа како дополнителен да ги мотивира нашите фудбалерки кои притиснаа на половината на противникот. Тоа вроди со плод во 31.минута кога Максути израмни на 1-1.
Во вториот дел, многу поквалитетна игра на нашата селекција која создаде повеќе шанси. Во 65-тата минута не беше досуден и чист пенал за Македонија.
Ваквата неправда, можеби ја чинеше Македонија и пораз. Имено, во 83.минута Миксоне со својот втор гол и донесе водство на Летонија од 1-2.
До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, Летонките ја впишаа втората победа, а Македонија вториот пораз.
Така сега Леронките кои се први имаат 6, Косово 3, а Македонија е без бод.
Следен е дуелот меѓу Косово и Македонија закажан за 8 април.





































