Ракометната Федерација на Македонија ги пушти во продажба картите за дуелот на женската репрезентација против Полска што ќе се игра во Битола.

Најдобрата наша селекција ја очекува бараж двомечот со Полска во квалификациите за СП што ќе се одржи кон крајот на година (2025).

Првиот натпревар македонските ракометарки ќе го играат на гостински терен 9 април, а реваншот во Битола е закажан за 12 април (сабота од 19 часот).

Влезниците за натпреварот што ќе се игра во сала „ Боро Чурлевски “ чинат по 100 денари, а собраните средства ќе бидат донирани.

Продажбата на влезници започна денеска и тоа на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk) и сите нејзини продажни места низ државата.