Откако вчера го добивме првиот пар за четвртфиналето во Лигата на шампионите, вечерва ќе ги дознаеме и останатите три. Имено денеска ќе се играат преостанатите четири реванш натпревари од осминафиналната рунда.

Најголемо внимание ќе привлече пресметката на лутите ривали од Мадрид, Атлетико и Реал. Актуелниот европски шампион Реал ќе го старува гостувањето кај Атлетико со гол предност. Ова откако првиот меѓусебен дуел „кралевите“ го добија пред своите навивачи со 2-1.

Интересно се очекува да биде на првиот денешен натпревар во Франција каде Лил и Борусија ќе почнат со 1-1 од дуелот во Дортмунд. Исходот од овој натпревар го чекаат фудбалерите на Барселона за да го дознаат противникот во четвртфиналето.

Затоа пак англиските екипи Арсенал и Астон Вила пред своите навивачи треба само да го верификуваат пласманот во ТОП-8. Арсенал има дури шест голови предност против ПСВ, а Астон Вила два против Клуб Бриж.

Исходот од натпреварот во Бирмингем ќе го даде противникот на ПСЖ, а оној од Мадрид на Арсенал за четвртфиналната рунда.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/8-ФИНАЛЕ РЕВАНШ

(среда 12 март)
18.45 ЛИЛ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД (1-1 прв натпревар)
21.00 АТЛЕТИКО МАДРИД – РЕАЛ МАДРИД (1-2)
21.00 АСТОН ВИЛА – КЛУБ БРИЖ (3-1)
21.00 AРСЕНАЛ – ПСВ (7-1)
(вторник 11 март)
ЛИВЕРПУЛ – ПСЖ 1-4 на пенали 1-1 (1-0 прв натпревар)
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – БАЕРН МИНХЕН 0-2 (0-3)
ИНТЕР – ФЕЕНОРД 2-1 (2-0)
БАРСЕЛОНА – БЕНФИКА 3-1 (1-0)