Нов ден ново дерби од 19.коло во Првата машка кошаркарска лига.
Откако вчера Кожув го изненади и совлада шампионот МЗТ Скопје, денеска во Битола, Пелистер и Работнички ќе играат дерби дуел.
Во овој натпревар Пелистер и Работнички влегуваат како петто и шесто рангирани екипи на табелата, но триумф може да ги пробие и на третото место. Во претходното коло двата тима забележаа важни победи за што подобро позиционирање пред плејофот. Со иста, можеби и поголема важност е и денешниот натпревар вели искусниот Александар Костовски, организаторот на играта на пелистерци.
„Пред нас е дерби натпревар кој е многу важен и за двете екипи. Мораме да ја сочуваме позитивна атмосфера што владее во последниот период, и со уште поголема енергија и мотивација да тргнеме по победа над Работнички.
Играме на домашен терен, пред нашата верна публика и желни сме да прикажеме добра игра и да оствариме позитивен резултат, за уште поголемо кревање на атмосферата не само во тимот, туку и во спортска Битола пред клучниот дел од сезоната“, вели Костовски.
натпреварот во Битола ќе почне од 19 часот, а претходно од 18 ќе играат Гостивар и Феникс. И за овие два тима бодовите се важни бидејќи се борат за позициите што водат во разигрувањето.
Двата натпревари може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 19 КОЛО
НЕДЕЛА
18:00 ГОСТИВАР – ФЕНИКС
19:00 ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
САБОТА
КУМАНОВО – ШКУПИ 83-75
КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ А. 74-71
ТИКВЕШ – ЧАИР 84-78
Претходно одиграно
ТФТ – ВАРДАР 90-37