Екипата на Работнички со голем пресврт и по многу борба славеше во дербито со Јанта волеј, во женскиот одбојкарски шампионат на Македонија.
Во натпревар од 2.коло на Втората фаза 2, одбојкарките на Јанта Волеј водеа со 2-0, но актуелниот шампион го доби мечот со 3-2 во сетови.
Домашните одбојкари лесно го добија првите два сета со 25:19 и 25:14. Поголема борба видовме во третиот сет кој Работнички го реши во своја полза со 22:25.
Во четвртиот сет одбојкарките на Јанта волеј брзо направи предност од шест поени разлика. Сепак, шампионките не се откажаа и успеаја ја анулираат, па дури и да го свртат сетот, што го добија со 22:25, за израмнување на 2-2.
Во решавачкиот петти сет, домашните одбојкарки имаа во неколку наврати 2-3 поени предност, но не доволно да го добијат сетот и мечот. Гостинките повторно го свртеа резултатот го добија сетот со 13:15, а мечот со конечни 2-3.
Сега двата тима имаат ист „скор“ на табелата со по 14 победи и 2 порази, а Јанта волеј останува на првото додека Работнички на второто место. Зад овој тандем се Наковски волеј и Фит Фан волеј.



































