Млатѕата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години е поразена од врсниците од Босна и Херцеговина.
Во првиот од двата пријателски натпревари, Босанците славеа со 1-3.
На денешниот меч одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, единствениот гол на мечот беше постигнат во вториот дел.
По рамноправното прво полувреме во кое немаше погодоци, трите гола беа постигнати вториот дел. Гостите по 100 секунди игра во второто ја затресоа македонската мрежа, а во 59-тата веќе беше 0-2 за Босанците.
Надежта на црвено-жолтите беше вратена во 64-тата минута со голот на Дамјановски кој намали на 1-2.
И покрај сите обиди да се постигне втор гол и да се дојде до израмнување македонските надежи не успеаја во тоа. Напротив Босанците во 83.минута и трет пат ја затресоа нашата мрежа, за конечни 1-3.
Шанса за „поправен“ младите македонски фудбалери ќе имаат веќе за два дена (четврток), кога ќе се игра реванш дуелот и тоа во терминот до 11 часот.