Денеска во седиштето на УЕФА во Нион се одржа ждрепката за квалификациите за пласман на Европско првенство 2027 во Албанија и Србија за фудбалери до 21 година.
Нашата млада селекција (У21) за противници ги доби репрезентациите на: Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во рамки на групата Е.
Квалификацискиот циклус ќе започне во март годинава и ќе трае се до ноември 2026. Домаќините на претстојното Европско првенство , Албанија и Србија се директни учесници на турнирот.
Пласман на првенството ќе обезбедат победниците во групите и најдобрата второпласирана селекција од деветте групи. Останатите второрангирани ќе играат бараж за преостанатите четири места што водат на првенството.
Квалификациски групи за ЕП 2027 Албанија и Србија
Група A: Шпанија, Романија. Финска, Косово, Кипар, Сан Марино
Група Б: Португалија, Чешка, Бугарија, Шкотска, Азербејџан, Гибралтар
Група Ц: Франција, Швајцарија, Исланд, Фарски Острови, Луксембург, Естонија
Група Д: Англија, Република Ирска, Словачка, Молдавија, Казахстан, Андора
Група Е: Италија, Полска, Шведска, Македонија, Црна Гора, Ерменија
Група Ф: Германија, Грузија, Грција, Северна Ирска, Летонија, Малта
Група Г: Холандија, Норвешка, Словенија, Израел, Босна и Херцеговина
Група Х: Украина, Хрватска, Унгарија, Турција, Литванија
Група И: Данска, Белгија, Австрија, Велс, Белорусија
Термини за квалификации за ЕВРО 2027 (У21)
Квалификациска групна фаза
▪ 17–25 март 2025 година
▪ 2–10 јуни 2025 година
▪ 1–9 септември 2025 година
▪ 6–14 октомври 2025 година
▪ 10–18 ноември 2025 година
▪ 23–31 март 2026 година
▪ 21 септември–6 октомври 2026 година
Бараж
▪ 9–17 ноември 2026 година