Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) по четврти пат ја одржа манифестацијата „Златна Олимпија 2024“. Посветен на највлијателните и најуспешни жени во спортот настанот се одржа во хотелот „Хилтон„ во Скопје.

Годинава (2024-та) признанија добија:

– Најистакната спортска работничка: Соња Спасовска
– Најистакната работничка за лица со попреченост: Ребека Јанковска – Ристески
– Најуспешна федерација во унапредување на родова еднаквост: Фудбалска федерација на Македонија
– Најуспешно женско судиско дуо: Силвана Карбевска и Марија Илиева
– Најдобра женска репрезентација: Кик бокс Маитаи репрезентација на Македонија
– Спортски подвиг: Радмила Јованова
– Медиум кој се залага за женскиот спорт: Спортско радио – Тони Митев
– Најуспешен женски тренер: Ивана Аврамова (карате) и Жаклина Стојановска (кошарка)
– Најнадежна млада спортистка: Марија Димовска
– Признание за животно дело: Луиза Гашева
– Најуспешна спортистка: Милијана Релиќ