Со седумте одиграни натпревари вечерва комплетирано е 6.коло во фудбалската Лига на шампиони.

Дерби дуелите вечерва се играа во Дортмунд и Торино, на кои во првиот дел немаше голови, а во вториот четири паднаа во иста минута.

На мечот во Германија, Борусија Дортмунд и Барселона одиграа ефикасно со пет гола, а бодовите ги освои шпанската екипа.
Во 53.минута по неуспешната офсајд замка на домаќините, Рафиња го искористи одличното додавање од Дани Олмо и ја затресе мрежата на Борусија за 1-0. Само шест минути подоцна Кубарси направи прекршок за пенал, кој во израмнување го претвори Гираси за 1-1. Шпанскиот тим продолжи да напаѓа и во 75.минута по ударот на Фермин Лопез одбиената топка дојде до Феран Торез гој повторно и донесе водство на шпанската екипа (2-1). Но водството не траеше долго, бидејќи четири минути подоцна (79) Гираси со својот втор гол израмни на 2-2. Сепак, не беше тука крајот на голеадата. Втор гол постигна и Феран Торес во 85.минута, поставувајќи ги конечните 3-2 за Барселона.

Дуелот во Италија, каде Јувентус го пречека Манчестер Сити му припадна на домашниот тим со 2-0.
Несмасната интервенција на потесната одбрана на гостите во 53.минута ја казни Душан Влаховиќ за 1-0 за Јувентус. Во 75.минута по контрата и двојната акција Мекени – Веа, Американецот на ефектен начин зголеми на 2-0.

Италијанскиот Милан се мачеше во дуелот со Црвена Звезда и славеше со сомнително признат гол во 89-тата минута.

Од останатите натпревари издвојуваме, очекуваните и убедливи победи на Арсенал и Штутгарт во дуелот со Монако и Јанг Бојс.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 6.коло

БОРУСИЈА Д. – БАРСЕЛОНА 2-3
ЈУВЕНТУС – МАНЧЕСТЕР СИТИ 2-0
МИЛАН – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 2-1
АРСЕНАЛ – МОНАКО 3-0
БЕНФИКА – БОЛОЊА 0-0
ФЕЕНОРД – СПАРТА П. 4-2
ШТУТГАРТ – ЈАНГ БОЈС 5-1
АТЛЕТИКО М. – СЛОВАН Б. 3-1
ЛИЛ – ШТУРМ 3-2