Четири од шесте натпревари од 2.коло во Првата машка кошаркарска лига ќе се играат денеска. Вниманието ќе биде насочено кон Битола, каде Пелистер ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје Аеродром.
Ова е дуело на минатосезонските финалисти во плејофот и купот, како и воведниот меч од новата сезона односно Супер купот.
Аеродромци ги добија сите три „пресметки“ и освоија трофеи. Тие знаат како да победуваат и да се радуваат на „жешкиот“ терен во Битола. Но секако дека тие порази пак за кошаркарите на Пелистер како и поддршката од трибините ќе бидат мотив повеќе.
За МЗТ овој натпревар доаѓа само два дена по поразот во АБА2 лигата во Загреб, каде загубија по продолжение од Цедевита јуниор. Го „заборавија“ ли тој неуспех избраниците на Атанасов останува да видиме.
Оние пак на Александар Петровиќ во вторник ги чека тешко гостување во Подгорица кај истоимената екипа, исто така во дуел од АБА2 лигата. Тоа сигурно нема да биде причина пелистерци да калкулираат, туку ќе се обидат да го совладаат шампионот.
Дуелот Пелистер – МЗТ Скопје ќе почне од 18.30 часот.
Половина час порано ќе стартуваат натпреварите во Гостивар и Куманово, од 19.30 и последниот денешен. Останатите два натпревари од ова коло ќе се играат утре.
Сите натпревари може да ги гледате ВО ЖИВО на едно место (овде).
ПРВА ЛИГА – 2.КОЛО
САБОТА
18:00 ГОСТИВАР – ТФТ
18:00 КУМАНОВО – ТИКВЕШ
18:30 ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
19:30 ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
НЕДЕЛА
17:00 ФЕНИКС – ЧАИР
17:00 КОЖУВ – ВАРДАР