Ракометарите на Вардар со дуелот против исландскиот Валур, вечерва го почнуваат својот настап на европската сцена.
Покрај вечерашниот противник, вардарци ќе играат групата „Ф“ и со португалскиот Порто и германскиот тим Мелсунген.
Пивотменот Милан Лазаревски смета дека гупата е „по мерка“ и дека црвено-црните може да бидат меѓу двете екипи кои ќе се пласираат во осминафиналето.
„Поволна е групата, а овој прв натпревар ќе има големо значење за нас со противник по мерка.
Валур е брза екипа, транзицијата во игра им е главно оружје, но сметам дека ние сме фаворити и имаме одлична позиција со победа да ја отвориме новата сезона и да ги израдуваме нашите навивачи“,
вели Милан Лазаревски.
Вечерашниот натпревар во СЦ „Јане Сандански“ меѓу Вардар – Валур ќе почне во 20.45 часот.