Се ближи крајот на регуларниот дел од сезоната во американската МЛС лига, а веќе е познато дека Интер Мајами од првото место ќе влезе во плејофот.

Лионел Меси со два и Луис Суарез со еден гол му донесоа победа на Интер во дербито со Колумбус Кру со 3:2.

На теренот на актуелниот шампион Колумбус Кру, 37-годишниот Меси ги постигна првите два гола за Интер. Првиот од игра во 45-тата минута, а вториот од слободен удар во судиското надополнување на првото полувреме.

Домаќините намалија на 2:1 во првата минута од вториот дел со голот на Диего Роси.

Сепак, само две минути подоцна Луис Суарез го постигна третиот гол за Мајами (3:1).

Кучо Ернандез од пенал го намали резултатот. На крајот од натпреварот, Колумбиецот изведе уште еден пенал, но тој беше одбранет од Дрејк Календер.

повторно брилј…