Сиетл приреди фудбалска лекција на „Лумен Филд“ стадионот, совладувајќи го Интер Мајами со убедливи 3-0 и го освои Лига Купот. Така Липонел Меси и тимот на Интер Мајами останаа без трофејот од ова натпреварување.

Осазе Де Росарио го отвори резултатот во 26.минута, реализирајќи центаршут од Алекс Ролдан со прецизен удар со глава. Тоа беше негов четврти погодок на турнирот.

Во второто полувреме, Саундерс ја потврдија доминацијата. Ролдан реализираше пенал во 84-тата минута, а Пол Ротрок го постави конечниот резултат во 89,минута, за ерупција на трибините.

Со оваа победа, Сиетл обезбеди пласман во осминафиналето на Купот на шампионите на КОНКАКАФ. Тимот исто така испиша историја, станувајќи единствениот клуб од МЛС кој ги има освоено сите пет годишни трофеи.

Овој триумф не само што го потврди квалитетот на тимот, туку и ја зацврсти позицијата на Сиетл Саундерс како еден од најуспешните клубови во историјата на американскиот фудбал.

Следете нé на социјалните мрежи