Македонскиот вице-првак Вардар ги дозна и останатите два противници за групната фаза во ЕХФ Европската лига.

Поранешниот македонски шампион Вардар 1961 ги дозна сите противници за групната фаза во Европската лига.

Откако по ждрепката „црвено-црните“ ја дознаа групата, а и првиот сигурен противник Порто, сега ги знае и останатите два.

Тоа се германскиот тим Мелсунген кој во квалификациите беше подобар од Елверум, односно исландскиот Валур кој го мина хрватскиот Винковци.

Вардар ќе игра во „Ф“ групата, а европската сезона ќе ја почне пред својата публика на

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАР НА ВАРДАР

1 коло Вардар – Валур (08.10.2024)
2 коло Мелсунген – Вардар (15.10.2024)
3 коло Вардар – Порто (22.10.2024)
4 коло Порто – Вардар (30.10.2024)
5 коло Валур – Вардар (18.11.2024)
6 коло Вардар – Мелсунген (26.11.2024)

Двете прворангирани екипи од осумте групи ќе се пласираат во следната фаза во разигрувањето (осминафинале).