Младата фудбалска репрезентација до 21 година, вчера е во Алмере ќе го игра седмиот натпревар во квалификациите за ЕП 2025-та.
Избраниците на Драган Канатларовски ќе имаат тешка задача, да останат не поразени во дуелот со врсниците од Холандија.
Популарните „лалиња“ се неприкосновени во „Ц“ групата во која се лидери на табелата со седум победи на исто толку одиграни натпревари. Првиот меѓусебен со Македонија, во Скопје, Холанѓаните го добија со 2-0.
Од друга страна пак, нашата млада селекција има остварено само две победи, на шесте натпревари, во кои чети пати беше поразена.
Оттаму јасно е зошто домаќинот на вечерашниот дуел ја има улогата на фаворит. Сепак за македонските младинци останува обврската да го дадат максимумот и да пробаат да избегнат пораз.
Дуелот меѓу Холандија и Македонија ќе се игра во терминот од 20 часот.