Младата репрезентација до 21 година, од вчера е во Амстердам каде одработува мини подготовки за претстојните два натпревари во квалификациите за ЕП 2025-та
Избраниците на Драган Канатларовски ги чекаат две гостувања. Првото е во Алмере каде в четврток (5. септември) ќе играат против Холандија, а потоа на 9 септември и на Гибралтар.
На првиот меѓусебен натпревар во Скопје, младите Холанѓани славеа победа со 2-0.
Нашата млада репрезентација на досегашните шест натпревари оствари две победи. Холандија има максимален учинок од седум победи. Гибралтар е последен со 3 бодови откако славеше против Молдавија на гостински терен.