Младата машка репрезентација на Македонија за кошаркари до 16 години ја оствари петата победа на Европското првенство.
Во рамките од „Б“ дивизијата на првенството во Скопје, а во разликувањето за пласман од 9 до 12 место, Македонија ја победи Португалија со 70-65.
Освен воведните три минути од натпреварот, се останато, резултатски, мина во знакот на македонските кадети. Црвено-жолтите ги добија првите два периоди, па на пауза заминаа со +15 (45-30).
Единствено во третата четвртина Португалците се заканија, и намалија на пет разлика. Иако во последниот период избраниците на селекторот Јованчев имаа и 18 поени предност, се доведоа во ситуација да стрепат за победата. Среќа, Португалските млади кошаркари, доцна се разбудија, па Македонија славеше со 70-65.
Григориј Ѓорѓевиќ со 22 и Алаксеј Нешовиќ со 20 поени денеска беа први стрелци на македонската репрезентација.
За нашата селекција останува уште еден натпревар и тоа утре за 9-тото место. Кој ќе биде противник македонските кадети ќе дознаат вечерва по дуелот Унгарија – Велика Британија.